Јован Костовски стрелец за Леувен

Македонскиот интернационалец Јован Костовски беше стрелец на погодок за својот тим Леувен во Втората лига на Белгија. Тој го отвори резултатот во петтата минута на гости против Ломел, но домашниот тим во продолжение од мечот постигна два гола за целосен пресврт и триумф од 2-1. За Ломел погодија Корстјенс и Бертјенс.

Леувен се наоѓа во групата која се бори за опстанок во второлигашката конкуренција во Белгија и засега има еден бод повеќе токму од денешниот ривал Ломел.

Се вчитува...