Јована Софковска ја продолжува кариерата во Србија

Поранешната ракометарка на Металург, Вардар и на Лихнид, Јована Софковска, кариерата ја продолжува во Србија, откако e договорeна соработка со ракометниот клуб Бор. Таа игра на десната крилна позиција и е подготвена за првиот интернационален предизвик.

„Големо искушение и еден почеток кој е малку поинаков од останатите кои досега сум ги имала. Секако, голем предизвик кој го прифаќам со нови сили и силна мотивација за успеси со новиот клуб“ – вели Софковска.

Бор се натпреварува во Супер – лигата на Србија и ќе биде дел од националниот Куп.

Се вчитува...