Јованчев и кадетите ги собраа аплаузите

Во ситуација кога главните лауреати не беа присутни на доделувањето на наградите за најдобрите во мак-баскетот за 2018 година, најголемите аплаузи заминаа на адреса на У16 репрезентацијата, која го оствари најголемиот успех со пласманот во А-дивизијата по освоеното трето место на шампионатот во БиХ.

Селекторот Александар Јованчев заслужено го доби признанието за најдобар тренер во младински категории, додека репрезентацијата за кошаркари до 16 години беше избрана за најдобра млада селекција за годинава што изминува.

„Голема благодарност до сите што придонесоа за овој резултат, за условите за работа што ни беа овозможени. Честа е голема, но чувството ќе биде комплетно кога еден од овие момци ќе го облече дресот на сениорската репрезентација“ – истакна Јованчев.

Се вчитува...