Јованов: Горд сум на себе и на момците

Одбојкарската репрезентација на Македонија со пораз од 3:0 во сетови (25:17,25:19, 25:18) од Бугарија стартуваше на Европското првенство кое се игра во Финска, Италија, Романија и Бугарија.

Иако избраниците на селекторот Јошко Миленкоски прикажаа добра игра во трите сета, на крајот светскиот вицешампион во речиси идентично сценарио во трите сета, ја оправда фаворитската улога и славеше.

По вчерашниот свое видување имаше либерото Филип Јованов…

„Мислам дека исполнивме тоа што го кажавме. Се боревме и достојно се покажавме. Сепак, Бугарија е вицешампион на светот. Одлично искуство салата беше полна до последното место. Горд сум и на себе и на момците“, изјави Јованов. 

Се вчитува...