Јовановиќ: Имавме загубен меч, МЗТ ни подари победа!

Тренерот на ФМП, Владимир Јовановиќ очекувано не го криеше задоволството од победата на неговиот тим на мечот против македонскиот МЗТ Скопје кој на само две минути пред крајот беше загубен за нив.

„Им честитам на момците затоа што имавме загубен меч, а во последнaта минута или две стигнавме до многу важен триумф за нас. На МЗТ Скопје им посакувам навистина многу повеќе среќа во продолжението од лигата, беше прекрасно да играме тука во Скопје во еден прекрасен амбиент, и искрено се надевам дека ќе собере сили за подобри резултати. Ние многу грешевме на натпреварот, но во одлучувачките моменти погодивме. Не ќе беше незаслужено и МЗТ да победеше но тоа е спортот“ – истакна Јовановиќ на прес-конференцијата по натпреварот.

Сосема еднакво е размислувањето и на кошаркатот на ФМП, Алекса Ускоковиќ…

„Видовте и сами дека успеавме да добиеме комплетно загубен натпревар. Иако имавме и 9 поени негатива на полувреме, а потоа имавме и 8 поени негатива на три минути пред крајот на мечот сепак собравме сили да дојдеме до значајна победа“ – рече Ускоковиќ.

Се вчитува...