По вчерашната прва победа на Работнички во новата сезона, извојувана против Силекс од 2-1 на националната арена „Филип Втори“, тренерот Ѓоре Јовановски го потенцира значењето од трите бода во овој момент иако остава простор и за дополнителни анализи за играта на тимот по водството од 2-0.
„Романтичарите“ имаа одлично прво полувреме заокружено со водство од 2-0 за да потоа се дозволи Силекс да го диктира ритамот во вториот дел. Но, кратовци не успеаја на крајот да ја загрозат победата на Работнички.
„Одигравме квалитетно прво полувреме во кое и успешно реализиравме, но ако сега добро се анализира сигурен сум дека можевме многу подобро да се однесуваме на терен по тоа водство од 2-0. Во секој случај знаевме дека ќе биде тежок натпревар и секако најважно во овој момент е што стигнавме до трите бода. Сакам да им честитам на фудбалерите за триумфот, кој треба да донесе дополнителен мотив за продолжението од шампионатот“ – вели Ѓоре Јовановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА