Јовчески од Струга победник на државниот шампионат во едрење, во класата Ласер

Во водите на Охридското езеро се одржа Државното првенство на Македонија во едрење, во класа Ласер Радијал, во организација на Едриличарскиот клуб СНЕГАР и Едриличарската федерација на Македонија.

Натпреварот се одржа на градската плажа во Струга и на неа учествуваа едриличари од двата соседни града Охрид и Струга. Условите за едрење беа добри, се одржаа пет трки на ветар од 2-3 бофори од јужен правец.

Во генерален пласман најдобар беше едриличарот на ЕК Снегар – Струга, Илија Јовчески, втор беше Дамјан Поп Стефанија од ЕК Пират – Охрид додека третопласиран беше младиот едриличар од Струга – Слободан Кутаноски.

Според натпреварувачката програма на Едриличарската федерација на Македонија, следуваат Ohrid Lake Sailing Cup part 2 – Struga на кој учесниците се натпреваруваат со јахти од 5 до 8 метри како и Меѓународната Илинденска Регата која оваа година по подолго време добива меѓународен карактер.

Се вчитува...