Јове Костовски погоди за Ахна, но супер Тричко му даде четири гола на Богатинов

Иван Тричковски играше „покер“ со Ахна, постигнувајќи четири гола за АЕК Ларнака во триумфот (2-5) на гости. На голот на Ахна беше поранешниот македонски репрезентативен голман Мартин Богатинов, а во нападот на овој тим се истакна Јован Костовски кој беше стрелец на еден од двата гола за домашниот состав. Костовски погоди во 19.минута за водство на Ахна, која по крајот на првиот дел имаше два гола предност.

Но, АЕК Ларнака се разбуди во второто полувреме и постигна пет гола, четири од нив беа дело на Иван Тричковски. Тој израмни во 58.минута, а во финишот (82, 88, 90) постигна уште три гола.

Се вчитува...