Јоветиќ опериран, ќе паузира до 2020 година

Црногорскиот фудбалски интернационалец Стеван Јоветиќ е успешно опериран откако се здоби со сериозна повреда на лигаментите на коленото. 29-годишниот напаѓач на Монако ќе паузира до 2020 година. Него го очекува пауза од најмалку осум месеци пред враќањето на фудбалските терени.

Јоветиќ ги скина лигаментите на коленото на натпреварот меѓу Монако и Реимс. Тој оваа сезона одигра само 15 мечеви за Монако и постигна осум гола, мачејќи се со повреди во поголемиот тек од шампионатот.

Се вчитува...