Јовиќ: Направивме сензација, во овие момци има идни репрезентативци

Еурофарм Пелистер 2 приреди сензација во Супер-лигата откако во 9. го совлада актуелниот шампион Вардар, триумфирајќи со 27-26 над тимот што немаше ниту еден пораз на домашната сцена. Битолчани одиграа одличен натпревар, 60. минути ја имаа предноста и сосема заслужено стигнаа до огромна победа.

По натпреварот тренерот Александар Јовиќ не го криеше задоволстовто од прикажаното на неговиот тим, потендирајќи дека во овие момци има идни првотимци.

„Направивме сензација. Но, мислам и дека Вардар беше ослабен денеска без неколку стандардни првотимци како Тимур Дибиров. Нашата екипа одигра феноменално борбено и во одбрана и во полуконтра и напад. Мислам дека заслужено победивме, водевме во текот на целиот натпревар и мислам дека ова е голема победа за овие млади играчи да ја кренат самодовербата и мора да веруваат во себе. Имаат огомен потенцијал како поединци и нормално како тим“, изјави Јовиќ.

За Еурофарм Пелистер 2 ова воедно значи и враќање на победничките патеки по изгубениот натпревар со Тиквеш и ремито со Струга.

„Имавме еден пад претходните две кола со Тиквеш и Струга, оваа победа ни дојде како мелем на тие два порази. Мислам дека имавме капацитет, имаме многу млада екипа, одлични поединци кои можат да се изградат во врвни првотимци и репрезентативци на Македонија само треба време, трпние и да не се брза“, додава Јовиќ кој потоа не заборави да и се заблагодари на публиката за фантастичната поддршка.

„Што се однесува до публиката, јас сум горд и благодарен до цела битолска јавност, цела публика, до навивачката група која ни даде огромна поддршка. Битола заслужува да има врвен ракомет и мислам дека полека, но сигурно ракометот се враќа на голема врата во Битола“

Се вчитува...