Јовиќ замина од Монако, се сели во Бундес-лигата

Стеван Јоветиќ е подготвен за нов предизвик во кариерата откако црногорскиот репрезентативец не доби продолжување на договорот со Монако.

Тој е достапен без никаква отштета, на негова адреса пристигнаа неколку понуди, од кои Црногорецот ја прифати онаа на Херта. Бундеслигашот од Берлин му понуди двогодишен договор (со можност за останување и трета сезона), по што Јоветиќ даде позитивен одговор и се очекува во следните денови и официјално да се пресели во овој тим.

Херта претходно го доведе и Суат Сердар од редовите на Шалке, додека како слободен играч во Берлин пред Јоветиќ пристигна уште еден ветеран, Кевин Принц Боатенг.

Се вчитува...