ЈУБИЛЕЈ: Димитриевски по 100-ти пат го чуваше голот на Рајо

На натпреварот со Еспањол денеска, Столе Димитриевски имаше јубилеј. Тој по 100-ти пат го чуваше голот на Рајо Валјекано во официјални натпревари.

Јубилејот го прослави со „чиста мрежа“, па и со победа на крајот минимална од 1-0. Тој имаше две супер интервенции кои овозможија Рајо да се искачи на 6. место на табелата во Ла Лига.

Димитриевски е во Рајо од 2019 година, и во моментов е незаменлив на голот на тимот од Мадрид.

Се вчитува...