Годишнина: Кометал ЃП газеше, Македонија славеше (видео)

Пред точно 18 години на денешен ден македонскиот спорт во женска конкуренција го оствари најголемиот успех во историјата – Кометал ЃП стана европски првак откако во финалето од Лигата на шампионите го совлада тимот на Херц со 26-22. Со овие „плус четири“ беше надополнета минималната негатива од првиот натпревар, по што „кометалки“ стигнаа до историскиот успех и се искачија на тронот на ракометна Европа.

Индира Кастратовиќ беше предводничка на Кометал ЃП во овој триумфален поход, а на голот македонскиот првак ја имаше извонредната Романка Луминица Дину.

Во историјата останува запишано, оваа шампионска генерација на Кометал ЃП ја сочинуваа: Дину, Нацева, Калиниченко, Кастратовиќ, Чупиќ, Будимир, Кисељова, Платон, Велкова, Бујанова, Андрушенко, Малахова, Пласницкаја и Златановска.

Се вчитува...