Џенова и Беневенто одиграа 2-2, меч што ќе остане запаметен по одличното издание на Горан Пандев. Македонскиот капитен постигна два гола во првите 21 минута од мечот, со што стигна до бројката од сто гола во Калчо-лигата во кариерата, фантастичен јубилеј на „Гранде Пандев“.
Интер по долгата серија победи сега врза две реми во низа, откако лидерот на табелата одигра само 1-1 на гостувањето против Специја. Домаќините поведоа со својот единствен удар кон голот на Ханданович, „нероаѕурите“ израмнија уште во првото полувреме преку Перишиќ, но не можеа доминацијата ов вториот дел да ја претворат и во конечен триумф. Лукаку промаши стопроцентна шанса во ситуација „еден на еден“ со голманот на Специја, Лаутаро Мартинез го погоди дирекот со удар од далечина, а Интер во последните пет минути постигна и два гола, но двата беа поништени со ВАР поради офсајд.
Јувентус со резултатски пресврт славеше над ПАрма со 3-1. Роналдо и Дибала почнаа во нападот, но Португалецот и Аргентинецот не се запишаа меѓу стрелците. Левиот бек Алекс Сандро беше херој на „старата дама“ со два погодоци, а еднаш прецизен беше Матијс де Лихт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА