Јубилеј на Сон и гол за победа на Тотенхем

Тотенхем и на третиот овосезонски меч во Премиер-лигата славеше со минимални 1-0, овојпат на домашен терен против лондонскиот ривал Ватфорд. Со овој резултат, „спарси“ се единствениот тим со максимални девет бода по првите три кола и моментно се наоѓаат на првото место на табелата.

Сон беше човекот на одлука, откако корејскиот ас постигна фантастичен погодок од „скратен корнер“, изненадувајќи го гостинскиот голман пред самиот крај на првото полувреме. За Сон ова беше јубилеен 200. меч за Тотенхем во ПРемиер-лигата, јубилеј што одличниот офанзивец го круниса со прекрасен гол.

Барнли ремизираше против Лидс (1-1). Домаќините поведоа со голот што во второто полувреме го постигна Вуд, а пред самиот крај на 1-1 израмни Бамфорд со својот прв гол сезонава.

Се вчитува...