Лионел Меси чекаше три натпревари, но вечерва конечно дочека да го прослави фантастичниот јубилеј – стигнувајќи до 700 погодоци во кариерата, низ настапите за Барселона и за аргентинската репрезентација.
Јубилејот беше прославен на дербито со Атлетико Мадрид, а Меси се погрижи тоа да биде со стил, со паненка матирајќи го Јан Облак од пенал, за водство на Барселона од 2-1 на овој значаен натпревар за каталонскиот гигант.
Аргентинецот стана само седми фудбалер во историјата што успеал да стигне до 700 гола во кариерата, но Меси има најдобар просек на голови по натпревар (0,82), пред Ромарио со 0,76 и Кристијано Роналдо со 0,72 голови по одиграни натпревари во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА