Југо Тренчовски повторно избран за тренер на колото во Словенија

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски повторно, вторпат од стартот на сезоната, е избран за тренер на колото во Словенија, во изборот на словенечките медиуми.

Тренчовски, кој од ова лето го презеде словенечкиот прволигаш Радомље, триумфираше на гостински терен против екипата на Браво со убедливи 0-4, што беше вистинско изненадување во фудбалската јавност во Словенија, па сосема очекувано, на крај, е избран за тренер на колото.

Претходно, македонскиот фудбалски стратег беше избран за најдобар на колото и по победата на својот тим над Олимпија Љубљана. Радомље по 16 одиграни кола е на петата позиција на табелата во најсилниот шампионат на Словенија, со вкупно 22 бода веднаш зад Цеље, Марибор, Копер и Браво.

Се вчитува...