Јунајтед без Лукаку на гостувањето во Торино

Ромелу Лукаку нема да може да му помогне на Манчестер јунајтед на мечот против Јувентус, откако корпулентниот напаѓач поради повреда воопшто не отпатува со тимот на гостувањето во Италија.

Лукаку беше изоставен од стартниот тим на натпреварот со Евертон пред десет дена, а изминатиот викенд не се најде ниту на клупата за резерви против Бурнемаут. Жозе Мурињо соопшти дека тој не игра поради повреда, а откако Белгиецот не тренираше ниту во последните два дена беше јасно дека тој нема да може да настапи против „старата дама“.

Мурињо се надева дека оспособени за настап ќе бидат Антонио Валенсија и Маруан Фелаини, кои не настапија ниту на првиот меч со Јуве, што „црвените ѓаволи“ го загубија на домашен терен со 0-1.

Се вчитува...