Јунајтед без Погба најмалку две седмици

Францускиот интернационалец Пол Погба синоќа истрча на „Олд трафорд“ со капитенската лента во тимот на Манчестер јунајтед, но, за жал, многу рано го заврши својот настап на мечот против Базел. Тој се повреди по само дваесетина минути игра и мораше да го напушти теренот, а неговото место го зазеде Маруан Фелаини, кој беше и стрелец на првиот гол за „црвениоте ѓаволи“.

Менаџерот Жозе Мурињо потврди дека Пол Погба ќе отсуствува, најмалку две седмици од составот.

„Погба заработи повреда на мускулот. Од искуство знам дека ќе следи пауза од најмалку две седмици. Сепак, ќе треба конечниот збор да го има медицинскиот тим, откако ќе направат детална анализа на повредата. Но, нема да плачеме поради повредите. Затоа треба да имаме силен колектив. Ако не е тука Погба, тука се Матиќ, Ерера, Фелаини, Керик“, изјави Жозе Мурињо по триумфот од 3-0 против Базел.

Се вчитува...