Јунајтед без седум првотимци на мегдан со Њукасл

Манчестер јунајтед ќе биде сериозно ослабен за утрешниот премиерлигашки дуел со Њукасл откако беше обелоденето дека Рубен Аморим нема да може да смета на дури седум првотимци за овој дуел.

Бруно Фернандеш се приклучи на долгата листа на отсутни фудбалери заедно со младиот Коби Маино, а „во аут“ се и дефанзивците Де Лихт и Мегваер.

Згора на тоа, триото Мбеумо – Амад Диало – Мазрауи настапува за своите репрезентации на Купот на Африкански Нации, па Аморим ќе има низа главоболки при формирање на стартниот тим.

Mанчестер Јунајтед моментно се наоѓа на седмото место на премиерлигашката табела со 26 бода, само 13 помалку од водечкиот Арсенал.

Се вчитува...