Јунајтед демантира дека Мурињо ќе добие отказ

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед го демантираше написите во медиумите на Островот дека на менаџерот Жозе Мурињо му се подготвува отказ, без разлика на исходот од денешниот дуел во Премиер – лигата против Њукасл. Иако „црвените ѓаволи“ го имаат најслабиот старт на сезоната во последните 29 години, сепак, раководството на клубот одлучило да му даде поддршка на Португалецот.

Манчестер јунајтед доживеа елиминација и од Карабао купот, и тоа од членот на Чемпионшип – дивизијата, Дерби, но Ед Вудворд одлучил Мурињо да добие уште време за да го консолидира тимот и да го одведе во победнички води. Вечерва на „Олд Трафорд“ ќе гостува Њукасл, а Манчестер јунајтед нема победа на последните четири меча на домашен терен во сите конкуренции.

Се вчитува...