Јунајтед доби ултиматум од Кристијано Роналдо!

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Кристијано Роналдо постави ултиматум дека ќе го напушти клубот од „Олд Трафорд“. Португалскиот репрезентативец e подготвен овој чекор да го направи, доколку челниците на „црвените ѓаволи“ не донесат засилувања во летниот преоден рок, пренесува британски „Дејли мејл“.

Британскиот весник тврди дека Роналдо не е задоволен од работата на раководството на Манчестер Јунајтед и нивниот ангажман во преодниот рок.

„Ливерпул го доведе Дарвин Нуњез, а Манчестер Сити го доведе Ерлинг Оланд. Се шпекулира дека Јунајтед би можел да ги доведе Френки де Јонг, Јуриен Тингер … но ништо од тоа се уште не е реализирано и официјализирано. Роналдо бара нови фудбалери во тимот, но и многу поголема амбициозност на клубот“, пренесуваат британските медиуми.

Доколку остане ваква ситуацијата во Јунајтед, шпанските медиуми пренесуваат дека Роналдо дури би можел да ја продолжи кариерата во Баерн доколку Роберт Левандовски го напушти клубот од Минхен и се пресели во Барселона. Роналдо (37) минатата сезона за тимот од Манчестер постигна 24 гола на 39 натпревари.

Се вчитува...