Јунајтед добива силна конкуренција, Баерн тргнува по потписот на Де Јонг!

Манчестер јунајтед добива силна конкуренција откако Баерн Минхен решил сериозно да се вклучи во трката за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг. Барселона е во финансиски проблеми, па е спремна да го продаде 24-годишниот плејмејкер ова лето доколку пристигне понуда од 80 милиони евра.

Манчестер Јунајтед подолго време преговара и постигна договор со Барселона, но Де Јонг одбива да се пресели на „Олд Трафорд“ бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони. Таквата ситуација сака да ја искористи Баерн Минхен, кој веќе почнал преговори со Барселона и е спремен да плати голема сума, пренесуваат германските медиуми.

Баварците денес треба да го комплетираат трансферот на Матијас де Лихт од Јувентус, а потоа можат да го донесат и неговиот пријател Де Јонг од Барселона.

 

 

 

Се вчитува...