Манчестер јунајтед игра препородено под водство на Мајкл Керик, тоа го потврдува и статистиката која вели дека „црвените “ѓаволи“ имаат освоено најмногу бодови откако овој стратег пристигна на клупата.
Јунајтед играше катастрофално под водство на Рубен Аморим, но ситуацијата целосно се промени откако Португалецот доби отказ, а на негово место пристигна Керик.
Педантните англиски статистичари направија и мини-табела со резултатите во Премиер-лигата во последните 13 рунди, при што на врвот се наоѓа гигантот од „Олд Трафорд“.
„Црвените ѓаволи“ во овој период освоија 27 бода, што е најдобар ефект, пред градскиот ривал Манчестер Сити со 25 бода, но и натпревар помалку. Интересно, ист број бодови како Сити има и Борнмут, кој не знае за пораз во овие 13 рунди (шест победи и седум реми).

На дното се наоѓа Тотенхем, кој во овие 13 меча имаше тројца различни тренери (Френк, Тудор и Де Зерби), но не забележа ниту една победа (четири реми и девет порази).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
