Манчестер Јунајтед очајнички е во потрага по нов голман откако првиот избор Андре Онана одигра уште една разочарувачка сезона во која на вкупно 50 одиграни натпревари прими 65 голови и само 11 пати ја сочува мрежата недопрена.
Голема желба на раководството на Манчестер Јунајтед е Емилијано Мартинез, аргентинскиот голман на Астон Вила за кој беше испратено барање за позајмица, но истото веднаш беше одбиено.
Астон Вила нема намера да го продава Аргентинецот и покрај неговата желба да се пресели на „Олд Трафорд“, а со оглед на тоа што има уште четри години во договорот, клубот од Бирмингем е тој од кој зависи неговата иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

