Јунајтед „гази“ се пред себе: Арсенал понижен во Лондон во ФА купот… (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед „гази“ се пред себе по доаѓањето на Оле Гунар Солскер. И во осмиот едноподруго натпревар осма победа за „црвените ѓаволи“ овој пат со 1-3 на гостувањето против Арсенал во 4. коло од ФА купот.

Санчез во 31. минута и Лингард во 33. минута ја најавија победата на Јунајтед за брзо водство од 0-2.


Иако, домашните намалија на 1-2 со голот на Обамејанг во 43. минута, на крајот гостите од Манчестер стигнаа до конечни 1-3 со голот на Марсиал во 82. минута.


„Црвените ѓаволи“ на тој начин си обезбедија и место во петтата рунда натпревари од ФА Купот, каде пласман има и за Бристол сити кој славеше со 2-1 против Болтон.

Се вчитува...