Јунајтед го нуди Алексис Санчез во Јуве, за да го добие Дибала

Манчестер Јунајтед на очаен начин ја заврши сезоната во Премиер – лигата, не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите и ова лето планира голема реконструкција на составот. Менаџерот Оле Гунар Солскјер сака да се ослободи од неколку скапоплатени ѕвезди кои не го дадоа очекуваниот придонес, а еден од нив е Алексис Санчез.

Чилеанецот има фантастична плата на „Олд Трафорд“, а за 27 натпревари оваа сезона постигна само два гола и забележа четири асистенции. Јунајтед веќе му го понуди на Јувентус во обид да го купи Пауло Дибала.

Според „Кориере ди Торино“, преговорите меѓу двата клуба се во тек, а Манчестер Јунајтед при евентуална размена ќе треба да доплати и 60 милиони евра. Сепак, за Дибала е заинтересиран и Интер и можна е размена за Мауро Икарди.

 

Се вчитува...