Манчестер Јунајтед го доби дербито на 22. коло во Премиерлигата славејќи над големиот градски ривал Манчестер Сити со 2-0 на „Олд Трафорд“.
Фантастичниот натпревар со бројни шанси не донесе гол во првото полувреме и покрај тоа што фудбалерите на Манчестер Јунајтед во неколку наврати ја „тресеа мрежата“, но од офсајд, но тоа што не им успеа на Дијало и Фернандез во првите 45. минути им успеа во вторите.
Во 65. минута Мбеумо ја затресе мрежата на Донарума носејќи домашна предност, а победата ја потврди Доргу во 76. минута.
MANCHESTER. IS. REDDDDD! 🤩❤️
— Manchester United (@ManUtd) January 17, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

