Јунајтед го „пикира“ Рабио, како замена за Погба

Еден Французин ќе си замине, а друг би можел да пристигне како негова замена на „Олд Трафорд“. Пол Погба поради лошите односи со менаџерот Жозе Мурињо најверојатно ќе мора да си замине од Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок, а раководството на клубот веќе го одреди Адриен Рабио како можно засилување за средниот ред.

Тој влезе во последната година од договорот со Пари Сен Жермен, желба е на голем број европски клубови, Барселона, Манчестер сити, Арсенал, Јувентус, Тотенхем, но челниците на Јунајтед се надеваат дека ќе го убедат да дојде на „Театарот на соништата“.

Рабио одби неделна плата од 170.000 фунти од ПСЖ за продолжување на договорот со „светците“.

Се вчитува...