Јунајтед го победи Дерби Каунти на Руни во првата контрола сезонава (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед со победа од 1-2 над Дерби Каунти ги почна подготовките за новата сезона. Вејн Руни кој е тренер на Дерби Каунти се сретна против клубот во кој ги имаше најубавите денови во кариерата.

Стрелци на головите за Јунајтед беа Тахити Чонг во 17. минута и Факундо Пелистри во 60. минута, додека почесниот погодок за Дерби го постигна Казим Ричардс во 70. минута.

 

Се вчитува...