Јунајтед го продаде Мемфис Депај на Лион

Холандскиот интернационалец Мемфис Депај го напушта „Олд Трафорд“ и се сели во Франција, каде во наредниот период ќе го носи дресот на Лион. Раководството на „црвените ѓаволи“ се сложи да го продаде Депај за сума од 16 милиони фунти, со дополнителни бонуси од околу 6 милиони фунти, доколку Холанѓанецот биде успешен во дресот на новиот клуб и му помогне да обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

Депај не успеа да се снајде најдобро во дресот на Манчестер јунајтед, иако по доаѓањето од него многу се очекуваше, а го доби и култниот дрес со број „7“, кој во минатото го носеа и Бест, Кантона, Бекам, Роналдо…Сепак, тој ги разочара и фановите и раководството на клубот и најдобрата опција беше да дојде до разделба. Нов предизвик за Холанѓанецот е Лион.

Се вчитува...