Јунајтед и Челси му прават конкуренција на Сити за Натан Аке

Холандскиот интернационалец Натан Аке е на цена во Премиер – лигата иако неговиот тим Борнмут речиси сигурно ќе испадне од елитата. По Манчестер Сити, во трката за одличниот дефанзивец се впуштија уште два англиски гиганти, Манчестер Јунајтед и Челси.

Јунајтед се уште го бара партнерот за Хари Мегваер на стоперските позиции, Ерик Баи лесно се повредува, а Виктор Линделоф игра во променлива форма. Оттаму Оле Гунар Сослкјер смета дека Натан Аке би можел да биде добро решение за одбраната на „црвените ѓаволи“.

Челси го посакува Деклан Рајс од Вест Хем, но Франк Лампард ја разгледува и поевтината опција – да го ангажира Натан Аке за 35 милиони фунти. Со тоа ќе „заштеди“ за ангажманот на Каи Хаверц од Баер Леверкузен кој е проценет на 80 милиони фунти.

Манчестер Сити исто така е сериозно заинтересиран за Холанѓанецот. Дефанзивецот од 2017 година во дресот на Борнмут одигра 105 натпревари и постигна осум гола.

Се вчитува...