Албанскиот голман Томас Стракоша, би можел да го засили тимот на Манчестер Јунајтед. Тимот од Олд Трафорд бара втор голман по заминувањето на Дин Хендерсон, па така лесно може да се случи досегашниот голман на Лацио да се пресели во таборот на Јунајтед.
Јасно е дека Стракоша ќе биде резервна варијанта за неприкосновениот Де Хеа кој во последните години е незаменлив меѓу диреците на тимот од „Олд Трафорд“.
Стракоша е слободен агент откако му истече договорот со Лацио. Тој во последните две години ретко добиваше шанса да брани за „лацијалите“, иако претходно беше незаменлив. За Стракоша се споменуваа и Фулам и Челси како можни следни дестинации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА