Рубен Аморим се соочува со огромен проблем откако прегледите врз Бруно Фернандеш покажаа дека повредата на капитенот на „црвените ѓаволи“ е од посериозен карактер.
Тој настрада во финишот од првото полувреме против Астон Вила по што мораше да биде заменет, Аморим веднаш по мечот истакна дека повредата на мускулот не изгледа наивно, а првите прогнози велат дека Португалецот ќе паузира најмалку еден месеци.
Ова би значело дека Фернандеш ќе ги пропушти премиерлигашките дуели со Њукасл, Вулвс, Лидс, Барнли и со Манчестер Сити, а во таборот на Јунајтед се надеваат дека тој би можел да се врати за дербито со Арсенал закажано за 25 јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

