Јунајтед му нуди на Марсијал петгодишен договор вреден 45 милиони фунти

Кариерата на Антони Марсијал на „Олд Трафорд“ изгледаше завршена на почетокот од сезонава по серијата несогласувања со менаџерот, Жозе Мурињо. Но, по само два месеци, Французинот се врати во форма и во моментов е најистакнатиот поединец кај Јуанјтед, постигна пет гола на последните пет премиерлигашки натпревари и му помогна на клубот за се помести нагоре на табелата.

Затоа Манчестер Јунајтед ќе му понуди долгорочна соработка. Актуелниот договр на Марсијал истекува следното лето, Јуанјтед може да го продолжи за 12 месеци, но клубот сака да го задржи за повеќе сезони.

Откако Марсијал наводно ја одбил првичната понуда од 160.000 фунти недела, Јуанјтед сега му нуди 190 000 илјади фунти за една седмица или вкупен договор за пет години вреден 45 милиони фунти. Според најавите преговорите за договрот ќе почнат во текот на оваа недела.

Се вчитува...