„Црвените ѓаволи“ му нудат нов договор на Хуан Мата

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед сака да го задржи во своите редови шпанскиот интернационалец Хуан Мата. Раководството на клубот подготви понуди за продолжување на соработката со оглед дека актуелниот договор на Мата завршува на крајот од сезоната. Тој би можел да го напушти „Олд Трафорд“ како слободен агент, а Арсенал го чека со широко раширени раце. Во таков случај, без отштета, и Барселона би сакала да го доведе на „Камп Ноу“.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер даде дозвола, а челниците на клубот за продолжување на соработката му нудат неделна плата од 140.000 фунти. Шпанецот игра одлично на последните неколку натпревари, откако Норвежанецот седна на клупата на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...