Јунајтед најбогат во светот, дури шест англиски клубови во ТОП 10

Иако Манчестер јунајтед не успеваше да ја заврши сезоната меѓу првите четири екипи во Премиер лигата во последите две години, токму гигантот од „Олд трафорд“ го има епитетот – најбогат клуб во светот. Клубот од Манчестер вреди 3 милијарди евра, зад него се шпанските гиганти Реал Мадрид (2,85 милијарди) и Барселона(2,65 милијарди).

Доминацијата во најелитното европско натпреварување не е доволна за Реал и Барса, остануваат повторно зад Јунајтед, кој пак е првиот клуб што ја достигнал бројката од 3 милијарди евра, и покрај долгот на сопствениците од скоро 500 милиони евра. Германскиот шампион Баерн Минхен е четврти на табелата со вредност од 2,3 милијарди евра, а топ 5 листата ја комплетира Манчестер сити со вредност од 1,9 милијарди евра.

Дури шест англиски клубови се на првите 10 позиции, Арсенал на шестото место, новиот англиски првак Челси е седми, Ливерпул осми, а Тотенхем се најде на десеттото место. Меѓу нив е Јувентус како единствен италијански претставник меѓу топ 10 клубовите.

Минатогодишниот шампион на Англија, Лестер сити е на 17. место на листата, веднаш до него се најде Евертон, шсто значи дека во 20. најбогати екипи во светот, осум се од Премиер – лигата.

Овој тренд ќе продолжи и во иднина, со поголеми заработки од ТВ правата, бидејќи преносот е откупен до 2019 година во рекорден број на земји во Азија.

Се вчитува...