Јунајтед никако не успева да ја сочува мрежата во ЛШ, но израмни во финишот од првиот дел (ВИДЕО)

Фудбалерот на Аталанта Јосип Иличиќ погоди во мрежата на Манчестер Јунајтед во 12. минута. Со тоа Јунајтед повторно прима гол во натпревар од Лигата на шампионите, и ја продолжи црната серија. Имено, на последните 15 меча во ЛШ, тимот на Солскјер само еднаш успеал да ја сочува мрежата „чиста“ во европската „елита“.

Аталанта повторно имаше водство се до 46. минута, а Роналдо успеа да израмни во судиското надополнување.

На другите натпревари, Баерн со Бенфика има водство од 2-1 до промашен пенал на „Баварците“, Јувентус против Зенит 1-1, ист резултат и на мечот Севиља – Лил, додека Виљареал води со Јанг Бојс 1-0.

Динамо Киев и Барселона играат без голови во првиот дел.

Се вчитува...