Јунајтед нокаутиран за 12 минути – Лајпциг води со 2-0

Манчестер Јунајтед се наоѓа на работ на елиминација од Лигата на Шампионите откако по само 12 минути игра губи од Лајпциг со убедливи 2-0.

„Црвените ѓаволи“ не смеат да си дозволат пораз на овој меч, но на самиот почеток се наоѓаат во нокдаун, откако одбраната двапати заспа, а Лајпциг преку Анжелињо и Хаидара го казни тоа и стигна до фантастична предност.

Манчестер Јунајтед славеше на последните две премиерлигашки средби со Саутемптон и Вест Хем откако губеше по првото полувреме, но овојпат задачата за пресврт ќе биде многу потешка, уште повеќе ако се знае дека Солскјер на располагање ги нема Кавани и Марсијал.

Се вчитува...