Јунајтед одби 60 милиони евра од Интер за Лукаку

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед нема намера да го продаде Ромелу Лукаку за сума под 80 милиони евра. Клубот од „Олд Трафорд“ експресно ја одби и втората официјална понуда на „нероаѕурите“ која изнесува 60 милиони евра. Тренерот Антонио Конте го посакува Лукаку во Милано, но очигледно дека тоа нема да биде лесна мисија за раководството.

Интер почна преговори со можноста да го добие Лукаку на позајмица, со опција за комплетно откупување на договорот, но тоа не е во плановите на Манчестер Јунајтед. Англичаните нема да се согласат ниту на било каква продажба доколку Интер не ги задоволи нивните финансиски барања. Лукаку, сепак, се уште не игра на претсезонските натпревари за „црвените ѓаволи“ и очекува трансфер во клубот од Серија А.

Се вчитува...