Јунајтед по три реми, конечно до победа

Манчестер јунајтед по трите реми во низа на крајот од 2017, ја стартуваше новјтата 2018 година со сигурна победа на гостувањето против Евертон (0-2). Иако без повредените Лукаку и Ибрахимовиќ, како и без суспендираниот Ешли Јанг, тимот на Жозе Мурињо доминираше на теренот и заслужено стигна до цел плен на жешкиот терен во Ливерпул.

По неинтересното прво полувреме, Јунајтед стигна до победата со далеку подобро издание во вториот дел, во кој гостите постигнаа два гола надвор од шеснаесетникот. Марсијал го отвори резултатот на додавање на Погба, додека на 0-2 зголеми Лингард, за разрешување на дилемите околу победникот на оваа средба.

Се вчитува...