Јунајтед потврди: Линделоф доаѓа на „Олд Трафорд“

Жозе Мурињо чекаше една година, но на крајот дочека и ќе го види Виктор Линделоф во дресот на Манчестер јунајтед. Талентираниот шведски дефанзивец во претходните два преодни рока беше сериозно поврзуван со „црвените ѓаволи“, но англискиот гигант никако не успеваше да се договори со Бенфика околу висината на отштетата.

Тоа овојпат не беше случај, откако двата клуба најдоа заеднички јазик, Јунајтед ќе плати 35 милиони фунти, а оваа сума може дополнително да се зголеми во следниот период преку неколку различни клаузули, во зависност од бројот на настапи и од освоените трофеи на Швеѓанецот во новиот клуб.

Со задоволство можеме да потврдиме дека постигнавме договор со Бенфика за трансферот на Виктор Линделоф. Фудбалерот по завршувањето на обврските кон репрезентацијата ќе допатува во Манчестер на лекарски прегледи и на потпис на договорот“ – се вели во соопштението на Манчестер јунајтед.

Се вчитува...