Јунајтед се спаси од пораз во Мадрид, реми со четири гола во Лисабон (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед непоразен се враќа од тешкото гостување во Мадрид против Атлетико, откако одигра 1-1 и има добар резултат пред реваншот на домашен терен.

Атлетико дојде до водство во 7. минута со голот на Феликс по лошата реакција во одбраната. Во првиот дел Љоренте имаше супер шанса за 2-0, но не ја зафати добро топката. Јунајтед бараше играч кој ќе постигне гол се до 80. минута кога „џокерот“ од клупата на Рангник, Еланга постигна гол за израмнување. Асистираше Бруно, а Еланга успеа да донесе израмнување. Сите дилеми ќе бидат решени на реваншот на „Олд Трафорд“.

Во вториот натпревар беше далеку поефикасно, на крајот и тој заврши без победник 2-2. Ајакс два пати водеше, Бенфика два пати стигна до израмнување, и тука патникот ќе биде решен на реваншот.

Холанѓаните поведоа со гол на Тадиќ, а Халер со автогол израмни во 26. минута. Халер три минути повторно погоди, овојпат на вистинската страна за ново водство 1-2. Во 72. минута нововлезениот Јаремчук постигна гол и израмни.

Се вчитува...