Јунајтед триумфално ја почна сезоната во Премиер лигата

Манчестер јунајтед со победа стартуваше во новата сезона во Премиер лигата славејќи со 2-1 против Лестер.

“Црвените ѓаволи” со гол од пенал преку Погба стигнаа до рано водство уште во 3. минута од средбата.

По “мртвилото” во продолжението конечно дојде и вториот погодок во 83. минута преку Шоу за 2-0.

Гостите преку Варди успеаја само да ублажат на 2-1 во 93. минута.

Се вчитува...