Јунајтед триумфално со Кристал Палас, продолжува трката за ЛШ (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед ја продолжува трката за место во Лигата на шампионите следната сезона, триумфирајќи на гостувањето против Кристал Палас со 0-2 во 36. коло од Премиер-лигата.

„Црвените ѓаволи“ победија со головите на Рашфорд во 45. минута и Марсиал во 78. минута од натпреварот.


Јунајтед, на две кола пред крајот на првенството, се израмни со 62 бода на делба на четвртата позиција заедно со Лестер.

Се вчитува...