Јунајтед во Лигата на шампионите: „Црвените ѓаволи“ подобри од Лестер во директната пресметка (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед обезбеди настап во Лигата на шампионите следната сезона откако во директната пресметка од последното коло во Премиер-лигата славеше со 0-2 на гостувањето против Лестер.

Триумф за посакувано место меѓу најдобрите четири екипи во лигата, кој го најави Бруно Фернандеш од пенал во 71. минута, а го запечати Лингард дури во осмата минута од судиското продолжение.

Челси, пак, си ја осигура третата позиција со триумфот од 2-0 против Вулверхемптон. Триумфот на „сините“ го донесоа Масон Монт и Гиру со погодоците во судиското продолжение од првото полувреме.

Шампионот Ливерпул славеше на гостувањето против Њукасл со 1-3. Стрелци за тимот на Јирген Клоп беа Ван Дијк во 38. минута, Ориги во 59. минута и Мане во 90. минута.

Манчестер сити убедливо со 5-0 славеше против Норвич. Со головите на Габриел Хесус и Де Бруин уште во првиот дел од натпреварот Сити ја најави победата, која ја заокружија Стирлинг, Махрез и Де Бруин со својот втор гол.

РЕЗУЛТАТИ – 38. КОЛО

Арсенал – Ватфорд 3-2

Барнли – Брајтон 1-2

Челси – Вулверхемптон 2-0

Кристал Палас – Тотенхем 1-1

Евертон- Бурнмаут 1-3

Лестер – Манчестер јунајтед 0-1

Манчестер сити – Норвич 5-0

Њукасл – Ливерпул 1-2

Саутемптон – Шефилд јунајтед 3-1

Вест Хем – Астон Вила 1-1

Се вчитува...