Јуниорите на МЗТ го испуштија Ф4 турнирот во АБА лигата

Поразот од 87-82 од директниот ривал, Копер Приморска во петтата рунда од Јуниорската АБА лига го чинеше тимот на МЗТ Скопје Аеродром палсман на завршниот турнир на четирите најдобри екипи во оваа стартосна конкуренција.

Со оглед на резултатите во групата вчера и денеска, на македонскиот тим му одоговараше само победа за обезбедување на второто место  во конкуренцијата. Приморска и се приклучува на Црвена Звезда меѓу четирите најдобри екипи на Ф4 турнирот.

Дарио Митевски со 22 поени, Виктор Исајловски со 16, Никола Орлов со 13  и Андреј Андоновски со 11 поени беше четврката која имаше довцифрен учинок кај МЗТ.

Претходно, МЗТ ги победи Морнар, Задар, загуби од Црвена Звезда, славеше над Цедевита Олимпија и на крај дојде овој решавачки пораз од Приморска.

Се вчитува...