Јуниорите на МЗТ Скопје преслушани и од Црвена звезда

Јуниорскиот состав на МЗТ Скопје го претрпе и третиот пораз во низа во рамките од АБА-лигата, за крај губејќи од Цвена звезда со убедливи 95-76.

„Црвено-белите“ беа тотално доминантни во првото полувреме, што го добија со 58-30, по што во вториот дел се играше без притисок, па МЗТ успеа барем малку да ја намали убедливата предност на противникот. Трсунов со 20 и Крстевски со 19 поени беа најефикасни кај МЗТ Скопје, додека Темелковски го заврши мечот со 10 поени и 9 скокови.

Претходно, МЗТ Скопје по почетниот триумф над Морнар, претрпе убедливи порази и од Цибона (66-91) и од Мега Бемакс (67-88).

Се вчитува...