Јуниорите на МЗТ Скопје со триумфално деби во АБА

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на возраст до 19 години со победа над Морнар (86-82) го почнаа настапот на полуфиналниоит јуниорски турнир во АБА-лигата кој се одржува во Белград.

„Сино-белите“, засилени со талентирани играчи од останати македонски екипи, одиграа фантастичен меч, се бореа максимално и дадоа с од себе за да дојдат до посакуваниот триумф во мечот против силниот противник од Црна Гора. „Металците“ доминираа во првата четвртина (28-13), но ривалот не се предаде туку со брза игра успеа да стигне, па дури и да ја презеде резултатска иницијатива. Но, избраниците на тренерот Небојша Ѓуковиќ беа најдобри кога беше најпотребни и со брилијантен финиш повторно дојдоа до водство кое потоа го задржаа до последниот звук на сирената.

Дамјан Крстевски, кој настапува како позајмен играч од Работнички, со 27 поени беше најпрецизен кај македонскиот тим, Дамјан Миса постигна 13, Мартин Трсунов 12, а Валмир Какруки 11 поени.Следен противник на МЗТ Скопје Аеродром е тимот на Цибона.

Се вчитува...