Јуниорите славеа на првата контрола со Катар

Јуниорската репрезентација на Македонија славеше на првиот пријателски натпревар во Катар (25-24), во претпоследниот испит за избраниците на Илија Темелковски пред мундијалот што еќе се игра во Алжир.

„Црвено-жолтите“ имаа мали проблеми со првото полувреме во кое домаќинот водеше со 16-13, за потоа нашите ракометни надежи да го свртат резултатот во своја полза и да триумфираат со еден гол-разлика. Катар и Македонија утре ќе одиграат уште еден контролен натпревар, по што нашите јуниори ќе се вратат назад во Скопје, за неколку дена подоцна да следи патот за Алжир, на младинскиот мундијал што ќе се одржи во оваа африканска земја.

Само за потсетување, Македонија на овој мундијал се наоѓа во иста група со селекциите на Русија, Тунис, Шпанија, Бразил и Буркина Фасо.

Се вчитува...